Nurhan Çorlu
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во врска со денешното гласање на референдумот за пакетот уставни реформи истакна дека ова не е обично гласање и нагласи: „Во нашата историја како Република сме имале повеќе гласања за парламентарни системи. Истовремено, организиравме и други гласања, но ова гласање на народот е избор на нов раководен систем во Република Турција, избор на една промена, на една пресвртница. Верувам дека во овој избор за промени, нашиот народ ќе го отвори патот за побрз развој, па и за скок до побрзиот развој“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган од вилата Хубер од Тарабја, заедно со својата сопруга Емине Ердоган, и семејството, како и со министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак пристигнаа во избирачкото место во Ускудар, за да го искористат своето гласачко право.
Граѓаните пред гласачкото место претседателот Ердоган го пречекаа со овации.
- „Ова гласање е избор за една пресвртница“ -
По гласањето, претседателот Ердоган даде изјава за медиумите, во којашто нагласи дека во историјата на Турција како Република се случиле повеќе гласања во однос на системот, како и неколку референдуми.
„Но, ова народно гласање е избор на нов раководен систем во Република Турција, избор на една промена, на една пресвртница. Верувам дека при овој избор за промени, нашиот народ ќе го отвори патот за побрз развој, па и за скок до побрзиот развој. Затоа што, за да ја достигнеме целта на современата цивилизација на нашиот Мустафа Кемал Ататурк, треба да правиме избори надвор од вообичаените. Од 2002 година досега достигнавме трипати поголем развој, но тоа не е доволно. Ние треба многу побрзо да се развиваме, многу побрзо да чекориме. Верувам дека нашиот народ денес, во државата и надвор од неа, ќе го направи тој избор. Оваа вечер кога ќе се отворат гласачките кутии, кога ќе се пребројат гласовите, се надевам Турција ќе зачекори кон иднината со очекуваниот избор. Јас верувам дека мојот народ со неговиот демократски здрав разум ќе чекори кон иднината. Ја изразувам мојата почит и благодарност кон мојот народ со најдлабоки чувства“.
Претседателот Ердоган пренесе дека резултатите од овој референдум ќе ги следи од Истанбул, а на новинарското прашање дали очекува рушење на рекордот на излезеност, тој рече: „Така покажува амбиентот. Сметам дека ќе има сериозна излезеност“.