Burcu Arik
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес истакна дека во Африн вкупно се неутрализирани 800 терористи како дел од тековната операција „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секако, оваа бројка до вечерва ќе се зголеми“, рече Ердоган во своето обраќање на собирот на Турската фондација за млади во претседателскиот комплекс.
Операцијата „Маслинова гранка“ во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува на член 51 од Договорот на ОН односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година без борба ја предадоа контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК.
Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација. Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во подрачјето на Африн има околу 8 000 до 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која е на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. Од средината на 1980-те, ПКК спроведува терористичка кампања против Турција.