İlkay Güder
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара изјави дека со оглед на распределбата на пратениците и состојбата низ која поминува земјата, во турскиот Парламент ќе продолжи сојузот на двете партии, Партијата на правдата и развојот (АК Партија) и Партијата за национално движење (МХП), јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган зборуваше во седиштето на АК Партијата во Анкара на состанокот на партиските водачи од сите турски градови. Во таа прилика, тој ги спомена претседателските и парламентарните избори одржани на 14 јуни.
„Одѕивот на гласачите на изборите во процент од 86,24 отсто е навистина висок. Затоа, во името на народот и во мое лично име сакам да се заблагодарам на секој од 50.068.627 граѓани што гласаа на изборите“, рече Ердоган.
Коментирајќи ја опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Ердоган рече дека оваа партија на последните избори еден дел од своите гласачи ги насочила кон партијата што ја контролира сепаратистичката терористичка организација, за да може партијата да го премине изборниот праг и да влезе во Парламентот.
„Го повикуваме секој член на ЏХП, кој ја сака неговата земја, нација, република, држава, од раководството на партијата да бара објаснување за овој срам“, рече Ердоган.
Турскиот претседател потврди дека во понеделник, 9 јули, по свеченото полагање заклетва како претседател на државата, ќе биде именуван и новиот состав на Владата на Република Турција.
„Во понеделник како претседател ќе положам заклетва и ќе ја преземам обврската во новиот систем“, рече Eрдоган, а во врска со сојузот на неговата партија со Партијата на националното движење, рече: „Поради распределба на застапниците, но и поради состојбата низ која поминува нашата земја, во Парламентот ќе продолжиме со нашиот Народен сојуз“.