Merve Yıldızalp
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
АНКАРА (AA) - „Нема разлика помеѓу нападите на нашата економија и директниот напад на нашиот езан и знаме, целта е иста, целта е Турција и турскиот народ да се фрлат на колена, целта е да нè стават во заложништво“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган во денешната видеопорака им го честиташе претстојниот исламски празник Курбан бајрам на сите муслимани во светот.
Потсетувајќи дека турскиот народ до ден денеска останал исправен поради својата способност да делува како едно тело, едно срце, Ердоган напомена дека тоа и било причина за надминување на секој напад во последно време, од обидот за државен удар во јули во 2016 година до сите напади кои решително се одбиени.
„Секој напад на нашата слобода, на нашиот езан и знаме со еднаква решителност ги одбивме“, рече Ердоган.
Ердоган потсети дека Турција на 15 јули, во текот на спречувањето на обидот за државен удар, покажа подготвеност за борба за опстанок на илјадагодишната територија, по секоја цена.
„Нема разлика помеѓу нападите на нашата економија и директниот напад на нашиот езан и знаме, целта е иста, целта е Турција и турскиот народ да се фрлат на колена, целта е да нè стават во заложништво. Оние што мислат дека Турција ќе ја поразат со удар врз вредноста на валутата, а не успеале да го направат тоа користејќи ги терористичките организации, разните предавнички чети и замки, набргу ќе сфатат колку грешат. Со божја помош, нашата земја е доволно силна да го надмине сето ова. Доволно е да бидеме единствени“, рече Ердоган.
Претседателот на Турција порача и дека е постојано во мислите и молитвите со сите угнетени луѓе во Палестина, Сирија, Јужна Азија и други делови од светот.