Mehmet Tosun
12 Октомври 2016•Ажурирано: 12 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со истрагата против терористичката организација ФЕТО изјави дека нема невини, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повремено се зборува ‘Господине, има и невини.’ Се извинувам, но нема невини. Зошто нема? Затоа што сѐ додека судството заедно со оние кои го спроведуваат законот се однесува емотивно, тука нема невини. Доколку се однесуваат искрено, одземени правата од надлежните органи можат да им бидат вратени. Вистина е дека можеби биле направени некакви грешки, но не треба да се заборави дека за Турција херојски загинаа 241 лица и ранети 2.194 воени ветерани во обидот за државен удар. За тоа некој треба да поднесе сметка“, изјави претседателот Ердоган.