Daniel Gallego
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку 40 ирачки државјани загинаа, а 120 се повредени во експлозија во сирискиот Дамаск, потврди Министерството за надворешни работи на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството Ахмед Џемал ја потврди оваа информација, велејќи дека ирачките граѓани беа во посета на верските објекти во областа на Баб Mусала ес-Сагир во овој град.
Според него, целта беше автобусот кој превезувал ирачки државјани.
„Според првичните податоци, загинаа 40 наши граѓани, а 120 беа ранети", потврди портпаролот на Министерството за надворешни работи на Ирак, Ахмед Џeмал.
Според податоците, во двете експлозии што се случија во областа на Баб Mусала во Дамаск загинаа 41 лице, а повредени се повеќе од 100 лица.