Bekim Buci
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Основниот суд Скопје 1 е закажан почетокот на судскиот процес против 29 лица, дел од "Вооружената криминална група" кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од член 394 – а и „Тероризам” од член 394 -б од Кривичниот законик, во врска со настаните поврзани со инцидентите од 9 и 10 мај во кумановското Диво Насеље, јавува Anadolu Agency (AA).
По неколкумесечата истрага јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција во ноември минатата година, поднесе обвиненија против 29 лица. Од друга страна сите 29 обвинети за случувањата во Куманово, изјавија дека се чувствуваат невиновни.
Според одбраната, случајот треба да се достави до специјалниот обвинител, "бидејќи мотивот, како што велат, не е тероризам, а обвинетите се жртви на некое друго сценарио". Во дводневниот судир во Диво Насеље во Куманово, загинаа 8 припадници на македонската полиција и 10 членови на вооружената група.