Besar Ademi
31 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ТАБАНОВЦЕ (АА) - Јапонскиот амбасадор во Македонија, Макото Такетоши заедно со претставници на агенциите на ОН во земјата, по посетата во транзитниот центар за бегалци во Табановце апелираа до властите, регионот и меѓународната заедница да преземат мерки за да се реши прашањето со бегалците кои се заглавени на оваа територија повеќе од еден месец, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Такетоши рече дека Јапонија е ограничена во обезбедувањето помош во врска со бегалската криза, бидејќи ова место не е крајната дестинација на бегалците. Тој најави дека Јапонија ќе го води Самитот на Г-7 кој ќе се одржи во мај во Токио и јапонската влада ќе даде свои видувања за бегалската криза во Македонија.
"Јапонија е земја географски оддалечена, но ова бегалска криза не е само проблем на некој. Ние целосно го разбираме ова, од оваа криза и затоа нашата влада одлучи проактивно да придонесува за меѓународната заедница. Сепак, нашата земја може само да придонесе во финансиска помош и ќе продолжи да обезбедува финансиски средства како и минатата година ", рече амбасадорот Tакетоши.
Постојан координатор на ОН во Македонија, Луиза Винтон истакна дека Јапонија е една од земјите кои повеќе им помогна на Македонија за да се справи со бегалската криза минатата година. Таа рече дека јапонската влада преку УНДП оваа година има обезбедено над 2 милиони долари во поддршка на општините кои се најпогодени од кризата со бегалците, како што се Гевгелија и Куманово.
"Сега за сега најважна е одлука за иднината на луѓето кои се заглавени во ова место, бидејќи чекањето во овие услови за долго време е навистина тешко. Време е земјата, регионот и меѓународната заедница да преземат чекор напред со јасна визија за тоа што ќе се случи со нив ", рече Винтон.
Повик за решавање на бегалската криза направи и претставник на УНХЦР, Мохамед Ариф, на УНИЦЕФ, Бертран Демулен, и шефот на ИОМ, Соња Божиновска, кои беа во придружба на јапонскиот амбасадор во посета на транзитниот центар за бегалци во Табановце.
Од почетокот на бегалската криза, Владата на Јапонија обезбеди над 3.6 милиони долари на агенциите на ОН во земјата за хуманитарните потреби на бегалците и мигрантите за да го олесни товарот на општините кои се најпогодени од кризата со бегалците.