Ekipa
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ГОЈАНГ (АА) - Двете Кореи договорија денуклеаризација на Полуостровот, но не ги објавија специфичните мерки со кои тоа ќе се постигне, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Самит на лидерите на двете Кореи -
- Челниците на Северна и Јужна Кореја засадија дрво како симбол на мирот и напредокот -
Во заедничката изјава, по денешниот самит на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот Мун Џае Ин, се наведува дека двете Кореи ја потврдиле својата цел, а тоа е Корејскиот Полуостров да биде без нуклеарно оружје со целосна денуклеаризација.
Во соопштението не е наведено какви конкретни чекори ќе преземе Северна Кореја за денуклеаризацијата. Исто така, двајцата лидери се договориле високите воени делегации да се состанат следниот месец за да се намали непријателството.
Понатаму, во соопштението на двете Кореи се нагласува дека заеднички ќе се залагаат за преговорите со САД и потенцијално со Кина, за да и официјално се заврши Корејската војска водена од 1950 до 1953 година, која е запрена со примирје, а не мировен договор.
Се додава дека јужнокорејскиот претседател на есен ќе допатува во Северна Кореја, ветувајќи му на Ким дека нема да има војна.
Мун и Ким денеска во прекуграничното заедничко безбедносно подрачје Панмунџом договорија дека ќе се случат и обединувања на семејствата раздвоени со Корејската војна и дека ќе воспостават канцеларија за врски во севернокорејскиот граничен град.
Јужнокорејскиот претседател Мун и севернокорејскиот лидер Ким денес се состанаа на историскиот трет самит на двете Кореи, кој е прв по 2007 година.