Feyza Süsal
18 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, соопшти дека синоќешниот терористички напад во Анкара е поврзан со терористичката организација ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу утринава во Анкара изјави дека се приведени девет осомничени за нападот. Сите се поврзани со терористичката организација ЈПГ, огранокот на ПКК во Сирија.
„Имаме податоци како и каде е организаиран нападот, но не може моментално сè да се објави јавно”, рече Давутоглу.