Ayhan Şimşek
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу по постигнувањето на договорот помеѓу Европската унија и Турција за ублажување на бегалската криза истакна дека ова е "историски ден" , јавува Anadolu Agency (AA).
"Денес е историски ден бидејќи постигнавме важен договор помеѓу Турција и Европска унија", рече Давутоглу на конференцијата за новинарите по самитот во Брисел.
Истакна дека и денешниот договор покажа дека Турција и ЕУ имаат заеднички проблеми и заедничка судбина.
"Разменивме мислења за проблемите, плановите и визиите. Сфативме дека Турција и ЕУ имаат иста заедничка судбина, заеднички проблеми, така да и двете страни делат иста иднина", рече турскиот премиер.
На крајот додаде дека Турција треба додатно да го продлабочи процесот на европските интеграции во наредниот период, нагласувајќи дека и двете страни треба да работат многу повеќе на стратешката соработка. Напомена дека денешниот договор помеѓу Турција и ЕУ има многу важна хумана димензија.
"Главната цел на сите договори е децата и жените да не умираат повеќе и младите и старите да не губат животи во егејското подрачје. Затоа го постигнавме договорот за да го спречиме криумчарењето со луѓе и да овозможиме легални миграции" , рече Давутоглу.
Европската унија и Турција во петок на самитот во Брисел постигнаа договор за ублажување на бегалската криза.
Вториот ден од самитот во Брисел, премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка на Твитер профилот напиша дека договорот со Турција е постигнат по дводневните разговори на двете страни, додека премиерот на Финска, Јуха Сипила, исто така рече дека "ЕУ лидерите се согласија на договор со Турција во врска со бегалците".
Според договорот кој начелно е усогласен на 7 март 2016 година, Турција треба да прифати враќање на сите мигранти кои преку таа земја илегално дошле во Грција, односно во ЕУ, а Унијата, на секој илегален мигрант кој ќе го прифати Анкара, да одобри азил и влез на еден сириски бегалец сместен на турската територија.
Турција исто така бараше укинување на визите за ЕУ на нејзините граѓани најдалеку до крајот на јуни, како и отворање на нови поглавја во процесот на преговарање за членство во ЕУ.