Elena Teslova
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш ја повика Русија да игра активна улога во пронаоѓањето нова структура на полицентричен свет кој, како што рече, ќе има соодветни мултилатерални управувачки механизми, јавува Anadolu Agency (AA).
Кремљ соопшти дека Гутереш на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва истакнал дека мултилатерализмот минува низ тешки моменти.
„Да бидам искрен, ова не е нималку лесно време за мултилатерализмот и за Обединетите нации. Студената војна заврши, по што следуваше краток период на униполарен мир. Сега пробуваме да најдеме нова структура за мултиполарен свет. Се разбира, сето ова е нешто за што сум многу загрижен. Верувам дека Руската Федерација треба да игра активна улога во овој процес“, рече Гутереш.
Тој истакна дека Русија е важна земја во градењето на нов мултиполарен свет.
„Особено сме фокусирани на фактот што Русија е неопходен елемент во изградбата на нов мултиполарен, полицентричен свет“, изјави Гутереш за време на неговиот состанок со Путин.