Mehmet Hatipoğlu
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
АТИНА (АА) - Воен авион од типот „Mirage 2000“ (Мираж 2000) на грчките воздухопловни сили се урна во близина на грчкиот остров Скопелос, во Егеското Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчките медиуми соопштија дека авионот кој бил на рутински лет за обука, се урнал како резултат на дефект во моторот, а пилотот се спасил користејќи го системот за катапултирање.
Според соопштеното, по несреќата е започната спасувачка операција во којашто учествуваа бродовите од регионот, како и два хеликоптера од типот „Пума“, кои полетаа од островите Хиос и Лезбос.