Ali Ballı
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
МУГЛА (АА) - На денешен ден е завршен животот на тригодишното момче Ајлан Курди, чие безживотно тело на почетокот од септември минатата година беше пронајдено на турскиот брег на Средоземното море, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот со 14 сириски бегалци потона во Средоземното море при обид да дојдат до грчките острови. Во таа прилика загинаа пет лица, меѓу кои и тригодишниот Ајлан, чие безживотно тело беше исфрлено од морето на плажа во Бодрум, а страотните фотографии од сцената се најдоа на насловните страни на сите светски медиуми и станаа симбол на страдање на сириските бегалци на пат кон Европа
Помина една година од кога фотографиите на малото момче во црвената маица го потресоа светот и кога никој не остана рамнодушен на таа страотна глетка.
Исмаил Акар е еден од очевидците на тој настан. На новинарите им кажа дека и тоа утро, како и сите претходни, отишол на плажата да трча. Тогаш видел дека нешто се случува бидејќи имало многу луѓе на едно место.
„ На патот до таа гужва наидов на две лица кои гледаа во тој правец. Ги прашав што се случува. Меѓутоа, сфатив за што станува збор кога се проближив на местото на настанот. Го извлекоа телото на момчето и го ставија во погребна кола”, се присети Акар.
За него било многу потресно да го види безживотното тело на малото момче.
„ Подоцна го гледав тоа момче постојано на телевизија. Сеуште ми е пред очи неговиот лик од тој ден. Беше мало момче”, истакна Акар.
Угур Оздоган е сведок на многу трагични случаеви на плажата во Бордрум. Според неговите зборови, десетици лица ги загубиле своите животи обидувајќи се по нелегален пат да преминат во Грција.
Оздоган истакна дека од дома гледа различни ситуации, како се сокриваат, ноќе се обидуваат да се качат на бродови, но дека тука не можело ништо да се направи бидејќи ги имало премногу.