Özüm Yalkın
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
МУГЛА (AA) – Судот во турскиот град Бодрум ги осуди двајцата Сиријци на по четири години и два месеци затвор поради криумчарење на мигрантите по загинувањето на петте лица во потонувањето на бродот со сириските бегалци, меѓу кои беше и двогодишното дете Ајлан Курди, чие безживотно тело на почетокот на септември минатата година е пронајдено на турскиот брег на Средоземното море, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириските државјани Мувафака Алабаш и Асем Алфрхад утрово со високи безбедносни мерки во оклопни возила се донесени до зградата на судот во Бодрум.
Судскиот совет ги проглази за виновни Мувафак Алабаш и Асем Алфрхад за кривично дело "криумчарење на мигранти" и ги осуди на затворска казна од по четири години и два месеци.
Двајцата сириски државјани беа обвинети исто така за "свесно предизвикување на смрт на повеќе лица", но поради недостаток на долази, ослободени се од ова обвинение.
Одлуката на судот првично беше затворска казна од по пола година, но поради добро однесување на обвинетите, казната им е намалена на по четири години и два месеци.
Брод со 14 сириски бегалци потона во Средоземно море при обид да дојде грчките острови. Во таа прилика загинаа пет лица, меѓу кои и двогодишниот Ајлан, чие безживотно тело морето го исфрли на плашата во Бодрум, а стравичните фотографии од таа глетка се најдоа на насловните страни на светските медиуми и стана симбол на страдање на сириските бегалци на патот кон Европа.