Cüneyt Karadağ
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
БЕРЛИН (АА) – Мартин Шулц е избран за претседател на Социјалдемократската партија (СПД) во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шулц во одржаната вонредна пленарна сесија во Берлин, со освојување на сите 605 важечки гласови стана претседател на партијата. Во гласањето само 3 гласа беа неважечки.
„Овој момент е прекрасен момент за мене и за сите нас. Верувам дека овој резултат ќе ни го отвори патот кон (местото) германски канцелар“, истакна Шулц во својот говор.
Поранешниот претседател на СПД, Зигмар Габриел, во прес-конференцијата одржана на 25. јануари во главниот штаб на партијата, истакна дека тој нема да биде кандидат за канцелар. Тогаш истакна дека ќе отстапи од местото претседател на Социјалдемократската партија и дека Шулц ќе биде противкандидат на германската канцеларка Ангела Меркел.
Зигмар Габриел, кој моментално е министер за надворешни работи, над 7 години ја вршеше функцијата претседател на Социјалдемократската партија.