Mahmut Geldi
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Во појасот Газа се одржаа протести против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, и префрлување на на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
На маршот организиран во северниот дел на појасот Газа со повикот на Хамас, учествуваа стотици палестинци кои носеа знамиња на Палестина и транспаренти за поддршка на Ерусалим. Демонстрантите реагираа против признавањето на Ерѕсалим како главен град на Израел од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Колку и да трае окупацијата, Ерусалим ќе биде на муслиманите во текот на целата историја“ истакна Мухаммед Ебу Аскер еден од лидерите на Хамас, во неговата изјава за време на маршот.
Ебу Аскер упати апел до Палестинската ослободителна организација да се откажат од признавање на Израел. „Овој чекор направен за Јудаизација на Ерусалим и претворање во главен град на Израел, ја отфрли маската на САД која е на страна на Израел“ вели тој.
Исто така, тој упати апел до сите муслимани за поддршка на Ерусалим.
„Каузата на Ерусалим е поважна од палестинската кауза, бидејќи е една исламска кауза“ рече тој.