Турција

Втор ден од Форумот во Истанбул: Инвеститорите фокусирани на ИТ-секторот и мобилната технологија

На конференцијата присуствуваше министерот без ресор на Република Северна Македонија, Зоран Шапуриќ, претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ...

?kipa  | 19.02.2019 - Обновена : 20.02.2019
Втор ден од Форумот во Истанбул: Инвеститорите фокусирани на ИТ-секторот и мобилната технологија

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Годишната конференција на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF) започна вчера во Истанбул, а денеска, во вториот ден од одржувањето на конференцијата се организирани средби на претприемачите и стартап-компаниите со потенцијалните инвеститори, јавува Anadolu Agency (AA).

Anadolu Agency (AA) е глобален комуникациски партнер на конференцијата на која учествуваат околу 1.000 угледни светски претприемачи и инвеститори.

На вториот и последен ден од конференцијата основачите на стартап-компаниите имаат можност да ги претстават своите проекти на потенцијалните вложувачи. Во главната сала каде што се одржува конференцијата, претприемачите преку презентации и видеоснимки настојуваат да привлечат внимание на инвеститорите.

Претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, Бајбарс Алтунташ, во разговор со новинарот на АА истакна дека денеска 53 стартап-компании од 22 земји се среќаваат со инвеститори од целиот свет.

„Меѓународните инвеститори денеска имаат можност да ги слушнат и погледнат презентациите на претприемачите и стартап-компаниите. На конференцијата присуствува и делегацијата на Светската банка“, изјави Алтунташ.

Тој додаде дека инвеститорите претежно се фокусирани на проекти од областа на ИТ-секторот и мобилната технологија.

На конференцијата присуствуваше министерот без ресор на Република Северна Македонија, Зоран Шапуриќ, претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, министерот за економија, претприемништво и занаетчиство, Дарко Хорват, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ и членот на репрезентацијата, фудбалерот Домагој Вида. Косово го претставуваше претседателот на Собранието, Кадри Весели.

За време на конференцијата се одржани и шест работилници во кои учествуваа инвеститори и предавачи од Монте Карло, Сингапур, Њујорк и од други делови на светот.

Пред самиот крај на форумот ќе бидат доделени и признанија и награди на галата на вечерта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.