Турција

Налози за апсење на 281 припадник на Турските вооружени сили за поврзаност со ФЕТО

Полицијата започна истовремени операции во 15 турски области, вклучувајќи го и Истанбул, за припадници во жандармеријата на Турските вооружени сили, како и во командата на копнените, воздухопловните и поморските сили

Nilay Kar  | 19.02.2019 - Обновена : 20.02.2019
Налози за апсење на 281 припадник на Турските вооружени сили за поврзаност со ФЕТО

Istanbul

ИСТАНБУЛ/ИЗМИР/АНКАРА (АА) - Турските власти се во потрага по 281 лице за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, изјавија денеска судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).

Канцеларијата на Jавното обвинителство во Истанбул издаде налози за апсење на 53 лица воен персонал во активна служба, кои се товарат за комуникација со припадници на ФЕТО преку телефонски говорници и фиксни телефони, како дел од истрагата за присуството на ФЕТО во Турските вооружени сили.

Полицијата започна истовремени операции во 15 турски области, вклучувајќи го и Истанбул, за осомничените вработени во жандармеријата на Турските вооружени сили, како и во командата на копнените, воздухопловните и поморските сили.

Одделно, Јавното обвинителство на Измир издаде налози за апсење на 176 осомничени во 41 турска област, меѓу кои и за т.н. имами, потоа војници, професори, полициски службеници и лекари за нивна поврзаност со ФЕТО.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара, исто така, издаде налози за апсење на 52 лица воен персонал во активна служба, за поврзаност со терористичката организација.

Полициската акција низ целата земја за приведување на лицата е во тек. 

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирањето во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın