Војската на Венецуела ги притвори војниците кои повикуваа на бунт против Владата
Венецуелската Армија истакнува дека се притворени група припадници на вооружените сили кои киднапирале воени офицери и украле оружје
Ankara
КАРАКАС (АА) – Венецуела соопшти дека ја притворила групата војници кои повикуваа на бунт против Владата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на венецуелската Армија се истакнува дека се притворени група припадници на вооружените сили кои киднапирале воени офицери и украле оружје
По неколкуте споделени видеа на социјалните медиуми, некои лица во земјата предводени од униформирана група излегоа на улиците. Исто така, пренесено е дека безбедносните сили интервенирале врз демонстрантите.
На демонстрациите организирани во населбата Котиза, оддалечена 3 километри од Претседателската палата во главниот град Каракас, безбедносните сили интервенирале со солзавец.
Во видеото, група униформирани и вооружени лица велат дека не ја признаваат Владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Едно од лицата во видеото, кој се претставува како водник Армандо Фигуероа, ги повикува граѓаните на Венецуела и војниците да го поддржат бунтот и да излезат на улиците.
„За да го браниме Уставот сакавте да излеземе на улица, ете тука сме. Сакавте да го запалиме фитилот, ете го запаливме. Потребна ни е вашата поддршка“, изјави Фигуероа.
Венецуелската Влада сè уште не даде изјава во врска со настанот.