Fatjon Cuka
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Три лица загинаа, а четри се повредени, откако непознати лица отворија оган кон локал во албанскиот град Елбасан. Две жртви се идентификувани, браќа со презиме Чапја, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните извори од албанската полиција покажуваат дека тројца од повредените се во критична состојба и се пренесени во Воената болница за специјализиран медицински третман во Тирана.
Настанот кој го шокираше овој град се случи во вечерните часови во непосредна близина до стадионот "Елбасан Арена", каде што се сомнева дека лицата кои пукале од огненото оружје носеле полициски униформи. Се дознава дека сторителите неколку пати застрелале кон целта, предизвикувајќи неколку мртви и ранети.
Во Елбасан се ангажирани и полициски сили од станиците Лушње, Фиер, Берат и Драч. Полицијата не даде информации за мотивите на овој сериозен инцидент. Формиран е истражен тим кој работи на случајот. Според неодамнешните информации, се сомнева дека убиствата се случиле поради одмазда.