Zehra Ulucak
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
РИМ (АА) - Нема преживеани меѓу шестемината во несреќата којашто се случи при пад на хеликоптер во регионот Абруцо, централна Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според италијанските медиуми, во хеликоптерот кој се сруши во Кампо Феличе, се наоѓале двајца пилоти, еден доктор, една медицинска сестра, еден ски – службеник, како и еден пациент.
Се дознава дека хеликоптерот кој припаѓал на службата за итна помош, за време на несреќата не бил вклучен во активностите за потрага и спасување на настраданите под урнатините на хотелот што беше затрупан од лавина, туку земал повредено лице од ски – центарот во Кампо Феличе.
Според медиумите, хеликоптерот од моделот „Аугустра Вестланд 139“ паднал од височина од околу 600 метри.