Hacer Başer,Mahmud Gurayb
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
КАИРО (АА) - Во несреќа која се случи на патот помеѓу Мека и Медина, градови во Саудиска Арабија, загинаа 19 египетски државјани, а 25 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Египетската новинска агенција МЕНА наведе дека египетските државјани отпатувале во Саудиска Арабија за да извршат умра. Умра е верски обред кој се смета за мал аџилак кој муслиманите може да го обават во текот на целата година.
Од амбасадата на Египет во Џеда соопштено е дека повредените лица се префрлени во болница во Медина и дека не се наоѓаат во животна опасност.
Во средата во Јордан се случи несреќа во која се преврте автобус кој превезуваше патници во Саудиска Арабија со цел да извршат умра. Тогаш загинаа 16 Палестинци, а 33 лица беа повредени.