Zülfiya Yakup
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Третата заедничка седница на Владата на Република Косово и Советот на Министри на Република Албанија, започна денес во Приштина. Седницата на двете влади и пропратните активности се одвиваат во просториите на Националната библиотека на Косово „Пјетер Богдани”, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на Албанија, на граничниот премин Врмница, утрово ја дочекаа попретседателот на Владата на Косово, Кујтим Шала и Државниот протокол. Најавено е потпишување на седум меѓународни договори, а по состанокот на премиерите Иса Мустафа и Еди Рама, ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Полицијата на Косово ги зајакна мерките за безбедност за време на состанокот на двете влади.
Претходните состаноци на владите на Косово и Албанија се одржани во Призрен 2014 година и во Тирана 2015 година.