Kristina Maslareviç
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - Со верификација на мандатот и положување на заклетва на седницата со која претседава најстариот пратеник, Драгољуб Миќуновиќ од Демократската странка, конституиран е нов состав на Народното собрание на Србија, јавува Anadolu Agency.
Според законот, за конституирање на Собранието потребна е верификација на две третини од мандатот, што на денешната седница беше исполнето. Во продолжение на седницата ќе се бира претседател, потпретседател и генерален секретар на Собранието, потоа членови на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.
За претстедател на Собранието на Србија треба да биде избрана Маја Гојковиќ, која ќе ја предложи Српската напредна странка, која со својата коалиција има потребно мнозинство од 131 пратеници за изгласување на оваа одлука
Освен 131 мандат колку што има коалицијата околу СНС, мандати во новиот состав на Народното собрание на Србија добија и СПС-ЈС со 29 мандати, Српската радикална странка со 22 мандати, движењето „Доста беше” и коалицијата околу Демократската странка со 16 мандати, коалицијата СДС-ЛДП-ЛСВ со 13 мандати, Сојузот на војводински Унгарци со четири мандати, листата на Муамер Зукорлиќ и СДА Санџак со два мандати, а по еден мандат имаат Зелената партија и Партијата за демократско делување.