İlkay Güder
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) соопштија дека во воздушните напади во текот на денот уништиле 25 мети на терористичките организции ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушните напади во текот на денот се уништени 25 цели на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција.
Се наведува дека се уништени целите вклучувајќи позиции, бази и складишта со оружје и муниција кои припаѓаат на терористичките организации.
Се додава дека 14 авиони, кои учествувале во нападите, безбедно се вратиле во воздушните бази.
„Во рамките на операцијата 'Маслинова гранка', досега се неутрализирани 306 припадници на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ. Операцијата се продолжува успешно и според предвидениот план“, се заклучува во соопштението.
Операцијата, во која учествуваат и припадници на Слободната сириска војска, покрената е во сабота со цел воспоставување на безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.