Sarp Özer
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
АНКАРА (AA) - САРП ОЗЕР - Министерот за национална одбрана, Нуретин Џаникли, изјави дека нова муниција ќе се користи во операцијата „Маслинова гранка“ во Африн. Домашните производители на муниција произведеоа мулти-барел ракетен фрлач (ÇNRA) од 122 милиметри со краток дострел, со поголема моќност за штета, што ќе придонесе за значително уништување на целите со 4 пати поголема просторна моќност, јавува Anadolu Agency (AA).
Наведувајќи дека проверката на новата муниција била успешна, Џаникли истакна дека целосно развиената муниција ќе почне да се користи во операцијата „Маслинова гранка“ овој месец.
Продолжува операцијата „Маслинова гранка“ која е започната на 20 јануари во 17:00 часот од страна на Турските вооружени сили, со цел неутрализирање на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ и спасување на пријателскиот братски народ во регионот Африн.
Операцијата е започната во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Оружјето и муницијата од домашно производство што се користат во операцијата им даваат посебна моќ на турските војници.

Во рамки на работата на Министерството за национална одбрана е планирано да се користи нова муниција во регионот. Произведена од Управата за машинска и хемиска индустрија, 122 милиметарската „ÇNRA-муниција" сo краток дострел и челичнo зрно привлече големо влијание.
Новата муниција која има 4 пати поголема моќност од претходната муниција, ќе придонесе многу за уништување на целите. По успешната проверка на почетокот од месецот, муницијата од ТСК ќе почне да се користи во операцијата „Маслинова гранка“.
Во текот на овој месец, 2.000 примероци од новата муниција ќе бидат доставени до подрачјето каде што се спроведува операцијата „Маслинова гранка“.

Наведувајќи дека проверката на новата муниција успешно резултирала, турскиот министер за национална одбрана Џаникли истакна дека целосно развиената муниција ќе почне да се користи во операцијата.
„Проверките на муницијата ЧРНА беа успешно завршени на 2 март. Миницијата беше развиена од Управата за машинска и хемиска индустрија и надградена со 4 пати поголема моќност на теренски ефект. Муницијата, која е целосно развиена на локално ниво, ќе почне да се користи овој месец во операцијата „Маслинова гранка“. Се заблагодарувам на нашата управа и на сите што се трудеа“, напиша министерот Џаникли на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.
Од друга страна, во Управата за машинска и хемиска индустрија е произведена ЧНРА-муниција со краток дострел од 122 мм, со цел да се задоволат потребите на ТСК за артилериски ракети во опсег од 20 километри и да се обезбеди маневрирање на единиците во сите временски услови.