Турција, наука и технологија

Турски производител на паметни телефони извезува во 33 земји

Извршниот директор на промоцијата на новиот модел на компанијата, GM 9 Pro во Истанбул, истакна дека компанијата има за цел до крајот на годината своите мобилни телефони да ги пласира во 45 земји од светот

Gökhan Ergöçün  | 11.09.2018 - Обновена : 12.09.2018
Турски производител на паметни телефони извезува во 33 земји

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Водечкиот турски производител на мобилни телефони, „General Mobile“, ги извезува своите паметни телефони во 33 земји во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Извршниот директор на компанијата, Сабахатин Јаман, денес, на промоцијата на новиот модел на компанијата, GM 9 Pro во Истанбул, истакна дека компанијата има за цел до крајот на годината своите мобилни телефони да ги пласира во 45 земји од светот.

„Инвестиравме 100 милиони турски лири (15,4 милиони долари) во нашата фабрика во Истанбул, и ќе продолжиме со вложувањата. Имаме 600 вработени, од кои 300 работат на производство.“

Тој нагласи дека многу Турци работат на високи позиции во областа на софтверите и хардверите низ светот, додавајќи дека „General Mobile“ има за цел да ги врати овие луѓе дома за да придонесат во производството на висока технологија во Турција.

„Нашата цел е во иднина во Турција да произведуваме делови за мобилни телефони“, истакна Јаман.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.