Ekipa
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - За време на демонстрациите на Западниот Брег поради одлуката на американскиот претседател да го признае Ерусалим како главен град на Израел, повредени се 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрациите се одржани и во Хеброн, во кој интервенираше израелската војска.
Како што тврдат очевидците, војниците користеле солзавец и муниција, а Палестинците возвратиле со камења. Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека се повредени 49 Палестинци.
Демонстрациите на Западниот Брег сѐ уште траат.
Протести се одржани и во Источен Ерусалим, во близина на Портата на Дамаск и Американскиот културен центар.
До судири меѓу демонстрантите и полицијата дојде кога Палестинците се обиделе да влезат во Центарот.
Трамп на синоќешната прес-конференција соопшти дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел. Американскиот претседател во таа пригода кажа дека веќе ѝ дал инструкции на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.