Mohamad Misto,Levent Tok,Adham Kako
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (АА) - Запреа судирите меѓу терористите на ДЕАШ кои се приклештени во еден појас во сириската област Деир ез-Зор, и терористичката организација ЈПГ/ПКК. ЈПГ/ПКК од ДЕАШ ги бара своите заробени припадници и златото, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, запреле судирите меѓу ДЕАШ, која во близина на границата со Ирак, во свои раце го држи последниот појас Багоз и теористичката организација ЈПГ/ПКК.
ЈПГ/ПКК последните два дена преговара со ДЕАШ за ослободување на заробените припадници на ЈПГ/ПКК и за предавање на златото.
Во подрачјето Багоз, илјадници цивили од југот се приклештени од силите на режимот, а од север се наоѓаат под опсада од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.
- И претходно ЈПГ/ПКК имаше предложено преговори
Припадниците на терористичката ЈПГ/ПКК како возврат за безбедното напуштање на припадниците на ДЕАШ од подрачјето во кое се приклештени, бара од ДЕАШ да ги предаде златните шипки што ги украде од банките во Мосул. Организацијата, покрај тоа, бара и ослободување на припадниците на ЈПГ/ПКК што ДЕАШ ги држи во свои раце.
Судирите започнаа на 24 јануари, откако ДЕАШ не ги прифати условите.