Michael Hernandez
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Сенат со мнозинство гласови го поддржа нацрт-законот за привремениот буџет, со што е овозможена работата на американската администрација, јавува Anadolu Agency (AA).
За споменатиот предлог, според кој американската администрација треба да излезе од блокадата, гласаа 81 сенатор, додека 18 беа против.
Сенаторите Демократи се сложија за поддршка на планот за привремено финансирање на администрацијата до 8 февруари, со цел да заврши тридневната блокада поради која не работеа одредени федерални служби.
Демократите, сепак, се сложија на деблокада по дводневните преговори, кои завршија со нови уверувања на лидерите на републиканското мнозинство во Сенатот дека ќе бидат разгледани предлозите за имиграцијата.
Претставничкиот дом на Конгресот претходно го прифати предлогот за буџетот.