İnci Gündağ
24 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија ги објави официјалните резултати од референдумот за ЕУ, кој се одржа вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Низ целата земја завршено е броењето на гласовите во 382 избирачки места.
Според официјалните резултати кои беа објавени во Манчестер, на референдумот учествувале 72 отсто од гласачите. За излез од ЕУ гласале 17 милиони 410 илјди и 742 гласачи, додека за ЕУ својот глас го искористиле 16 милиони 241 илјада гласачи.
Според ова 52 отсто гласале за излез од Европската унија, додека 48 отсто гласале Велика Британија да остане во ЕУ.