Vesna Besic
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Будимпешта, градот на брегот на Дунав и главниот град на Унгарија, со своите историски градби секојдневно привлекува голем број туристи од целиот свет, пишува Anadolu Agency (AA).
Вниманието на туристите во унгарскиот главен град првенствено ги привлекува уникатниот спој на богатата историја, култура и традиција, но, и модерниот град.
Будимпешта, еден од најубавите европски градови, има многу знаменитости, од кои особено се издвојуваат Будимскиот замок, Андрашевата авенија, Плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница.
Меѓу знаменитостите се издвојува и базиликата на Свети Стефан висока 96 метри, во која се наоѓаат мумифицираните остатоци на првиот унгарски крал Стефан I. Таа е трета црква по големина во Европа.
Зградата на унгарскиот Парламент е изградена во неоготски стил и се смета за една од најдобрите примери за историцизмот. Некогаш беше најголемата зграда на парламент во светот, а денес сѐ уште се наоѓа на третото место. Заедно со базиликата на Свети Стефан е највисоката зграда во Будимпешта.
Тука секако е и Рибарскиот бастион, неоготска тераса од каде што се пружа величенствен поглед на градот.