Esma Küçükşahin
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЈОЗГАТ (АА) - Заменик-премиерот на Република Турција, Бекир Боздаг, реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го бранеше француското списание „Le Point“, коешто во својот последен број изнесе низа навреди на сметка на Турција, нејзиниот претседателот и народот на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг кој претстојува во турскиот град Јозгат, одговараше на прашањата на новинарите.
Запрашан да ја прокоментира поддршката на францускиот претседател Емануел Макрон на списанието „Le Point“, Боздаг порача дека изборите во Турција се приближуваат, а од различни кругови се вршат напори да се обесчести турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Постојат кругови кои се занимаваат со политички инженеринг, со тоа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се отстрани од срцата на граѓаните, односно како гласовите на граѓаните да се пренасочат кон некои други кандидати. Она што можам да им порачам е дека изборите во Турција не се избори со кои може да се манипулира со каков било политички инженеринг или на некој друг начин“, изјави Боздаг.
Тој додаде дека турскиот народ е попаметен од Макрон, „многу попаметен од оние што се занимаваат со вакви инженерски пресметки“.