Furkan Naci Top
27 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
АТИНА (AA) – Најмалку едно лице е повредено во силна експлозија која одекна пред црква во главниот град на Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката полиција соопшти дека инцидентот се случил пред црквата „Агион Дионисиос“ во атинската населба Колонаки.
По пријава за постоење сомнителна метална кутија пред црквата, стигна специјална полициска екипа, а до експлозијата дојде во текот на полицискиот увид.
Во експлозијата е ранет еден полицаец. Грчката полиција го блокираше местото на инцидентот. Истрагата е во тек.