Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во сирискиот град Алепо, за време на интензивните напади од страна на режимските сили, се урнала зграда во која се затрупани повеќе од 100 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондот на Обединетите нации за помош на децата (УНИЦЕФ) информираше дека како последица на интензивните напади врз источниот дел на градот Алепо, се урнала зграда во која останале заглавени повеќе од 100 деца без родители. УНИЦЕФ упати повик колку што е можно поскоро да се отстранат урнатините од зградата под која се заглавени децата.
Во соопштението се вели дека е можно под урнатините да се наоѓаат повеќе од 100 деца. Герт Капелер, регионален директор на УНИЦЕФ изјави: „Време е светот да стане на нозе за децата од Алепо и да се стави крај на кошмарот што овие деца го преживуваат“.
Капелер додаде дека УНИЦЕФ е длабоко вознемирена поради непотврдените информации, според кои била вршена вонсудска егзекуција на цивили, вклучувајќи ги и децата.