Murat Paksoy,Murat Kaya,Muhammed Enes Can
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Во рамките на истрагата на Обвинителството на Истанбул, против терористичката организација ФЕТО, фатени се 95 припадници на Турските вооружени сили (ТСК) поради сомнеж дека го користеле системот за тајна комуникација „БајЛок“, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска утврди дека 243 припадници на ТСК ја користеле апликацијата „БајЛок“, која припадниците на ФЕТО ја користеа за тајна комуникација, поради што е донесена одлука тие да бидат приведени.
Припадниците на безбедносните сили на Турција во 54 града во земјата, меѓу кои и Истанбул, Анкара, Измир, Ширнак, Самсун, Коња и во Бурса започнаа акција за фаќање на осомничените.
Меѓу лицата за кои е издаден налог за приведување се осум полковници, тројца полковници, 11 мајори, 11 поручници и други вработени во ТВС.
Претходно, Обвинителството донесе одлука за приведување на 575 воени лица од копнените, воздушните сили и од морнарицата. Во две акции спроведени во 58 града, фатени се 351 лице, а од нив се уапсени 315 лица.