Турција

Eрдоган му врачи „Медал на чест на Република Турција“ на Јилдирим

„Му се заблагодарувам на мојот сопатник и колега, господинот Јилдирим, и му честитам за секој успех кој го оствари до денес“, порача Ердоган.

Aynur Ekiz  | 13.07.2018 - Обновена : 14.07.2018
Eрдоган му врачи „Медал на чест на Република Турција“ на Јилдирим

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека претседателот на турскиот Парламент и поранешниот премиер на Турција, Бинали Јилдирим, вложил значајни напори за развој и просперитет на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Претседателската палата во Анкара свое обраќање имаше претседателот Ердоган на церемонијата организирана по повод врачувањето на „Медалот на чест на Република Турција“ на поранешниот премиер на оваа земја и новоизбраниот претседател на Парламентот, Бинали Јилдирим.

„Овој медал се доделува на оние кои ќе покажат извонреден успех за постоењето на нашата земја, за единствена и неделива земја и народ, за мир и единство. Му се заблагодарувам на мојот сопатник и колега, господинот Јилдирим, и му честитам за секој успех кој го оствари до денес“, порача Ердоган.

Тој додаде дека Јилирим, во последните повеќе од 15 години вложил значајни напори за развој и просперитет на Турција.

„Последниот премиер на Република Турција, Бинали Јилдирим, од 2002 година, извршувајќи различни должности во владите на АК Партијата, вложи многу значајни напори за развојот на нашата земја и просперитетот на нашиот народ. Со тоа зазеде посебно место во нашите срца“, изјави Ердоган, и додаде „На заеднички пат сме полни 40 години. Никогаш не нè остави, ниту пак залута како некои други.“

Ердоган на Јилдирим му посака многу успех и во наредниот период, а потоа му гврачи „Медал на чест на Република Турција“.

Претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, се заблагодари на Ердоган, и порача:

„Овај Медал на чест за мене е многу посебен. Почитуван претседателе, под какви било услови, нашиот пат кој започна пред 40 години, ќе трае засекогаш“, порача Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.