Nilay Kar
13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
ИЗМИР (АА) - Денес беа спасени 34 мигранти без документи кои беа заглавени на островот Богаз во Егејското Море, велат безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мигрантите, меѓу кои и деца, беа спасени од хеликоптерите на турската крајбрежна стража“, велат изворите, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Ненаселениот остров Богаз во измирската област Чешме се наоѓа во близина на грчкиот остров Чиос. Миграните останале блокирани на островот, додека се обидувале илегално да го преминат грчкиот остров.