Emel Öz Gözellik
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за одрбана на Соединетите Американски Држави (САД), Џејмс Матис, истакна дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Турција во нејзината борба против ПКК и друите терористички закани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на САД (Пентагон) се наведува дека Матис и турскиот министер за национална одбрана, Нуретин Џаникли, се сретнале во рамките на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, кој се одржува во белгискиот главен град Брисел, со цел реафирмирање на долгогодишните одбранбени односи меѓу САД и Труција.
Во ова соопштение се вели дека за време на средбата, Матис упатил благодарност до Џаникли поради придонесот на Турција во борбата против терористичката организација ДЕАШ и за глобалната безбедност
Според соопштението, Матис истакнал дека се свесни за заканите врз Турција, и потврдил дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Турција во нејзината борба против ПКК и друите терористички закани.
Во соопштението се вели дека Матис и Џаникли се согласиле за продолжување на билатералните одбранбени активности и преговори, како и за уште поголемо зајакнување на одбранбената соработка.