АНКАРА (АА) - НАЗЛИ ЈУЗБАШИОГЛУ -
Експертите велат дека терористичката организација ЈПГ/ПКК е најголемата закана за територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија и дека одлучноста на Турција за борба против терористичките организации во регионот игра значајна улога во заштитата на територијалниот интегритет на Сирија и ја скрши волјата на ЈПГ/ПКК за нарушување на унитарната структура на оваа земја.
Турција, Русија и Иран, кои се земји гаранти во рамки на напорите за наоѓање политичко решение на сириското прашање, на состаноците организирани во Астана и Сочи секогаш укажуваа на нивната посветеност кон територијалниот интегритет, независноста и сувереноста на Сирија.
Абдула Агар, експерт за безбедност и стратегија, во изјава за Аnadolu Аgency (AA) истакна дека Турција покажа одек во насока на неутрализирање на ЈПГ/ПКК.
„Одлучноста која ја покажа Турција за реализирање операција (против терористичките организации) во Сирија, ја скрши волјата на ЈПГ/ПКК за нарушување на унитарната структура на Сирија. ЈПГ/ПКК, кога беше под покривот на САД, вршеше наметнувања во врска со федерација, конфедерација, автономна управа, кантони. Сега, во последните преговори не успеа да го наметне тоа. Ѝ остана една мака: ’штитете нѐ од Турција‘“, рече тој.
Агар нагласи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано подвлекува дека Турција е за зачувување на територијалниот интегритет и унитарната структура на Турција, и дека тоа е укажано на вчерашните средби меѓу турската и руската делегација во Русија.
„Најзначајниот потребен услов за територијалниот интегритет е унитарната структура, додека потребниот услов за унитарна структура е територијалниот интегритет. Турција од овие рамки пристапи кон ова прашање. Исто така, Русија се согласува со тоа, така излгеда“, додаде Агар.
Според Агар, едно важно прашање што треба да се запамети е дека Русија и Турција е можно на различни начини да ги коментираат изразите „територијален интегритет и унитарна структура“. Тој нагласи дека светот и Асадовиот режим во Сирија не се свесни за напорите што ги покажа Турција за територијалниот интегритет на Сирија.
„Тука целото прашање беше да се формира една гарнизон-држава преку ЈПГ/ПКК“, додаде Агар.
Укажувајќи на проектот за Голем Среден Исток, Агар нагласи дека кога се гледа кон западниот свет, продолжувањето на унитарната структура на Сирија останува само во дискурсот.
„Кога ПКК беше всадена тука, велеше дека ќе формира една држава врз основа на таканаречени етнички темели, разделувајќи ги Турција, Сирија, Ирак и Иран. Ова не е идеја на ПКК, туку идеја на оние кои ја всадија ПКК тука“, истакна Агар, нагласувајќи дека со појавувањето на заканата на ДЕАШ, се појавија и тајните поддршки кон ЈПГ/ПКК.
„Било да прифати или не, моментално Европа заштитува и дава фондови, опремува, управува и насочува една сепаратистичка терористичка организација“, додаде тој.
- „Турција презеде поголема улога од Дамаск во насока на територијалниот интегритет на Сирија“ -
Координаторот за истражувања во врска со Сирија во Центарот за блискоисточни студии, Ојтун Орхан, истакна дека кога гледаме на позициите на локалните актери кои водат борба во Сирија, како и на странските сили кои се вклучени во сириското прашање, постојат двајца актери кои претставуваат закана за територијалниот интегритет и унитарната структура на Сирија, од кои едниот е ЈПГ/ПЈД/ПКК, која се појави со федералистички барања, и која вложува напор да им обезбеди политички статус на областите кои ги држи под контрола, благодарение на различни алијанси.
„Најголемата закана за територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија е ПЈД, како и нејзиното воено крило, ЈПГ“, нагласи тој.
Орхан истакна дека иако САД во дискурс го бранат територијалниот интегритет на Сирија, нивните практики, како и поддршката за ЈПГ/ПЈД/ПКК се во насока на поткопување на територијалниот интегритет на Сирија.
„Знаеме дека Турција е земја која има најголем приговор за ваквите случувања, за улогата на ЈПГ во Сирија, како и за тоа што САД сакаат да направат во Сирија, и која прави конкретни чекори во насока на спречување на тоа“, додаде Орхан.
Тој вели дека Турција реализира воени операции против ЈПГ/ПКК и дека се случуваат сериозни кризи меѓу Турција и САД, кои се нејзин сојузник во НАТО за Сирија.
„Откако беше актуализирана операцијата во источниот дел на Еуфрат, се појави и процесот на САД за повлекување од Сирија. Затоа гледаме дека Турција можеби презеде поголема улога од самиот Дамаск за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија“, рече Орхан.
Тој се осврна и на тоа како светот и Асадовиот режим во Сирија ги гледаат напорите на Турција за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.
- „Операциите покажуваат колку е сериозна одлуката на Турција“ -
Доц. д-р Серхат Еркмен, професор на Одделот за меѓународна безбедност и тероризам при Академијата за жандармерија и крајбрежна безбедност, истакна дека Турција од самиот почеток не ја има променето својата политика во насока на зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија.
Според Еркмен, периодот во кој тоа беше најефективно е периодот кога Русија, Иран и Турција покажаа заеднички став во рамки на трилатерално усогласување. „Во последен период, „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“, како и операциите во Идлиб покажаа колку е сериозна улогата на Турција во оваа насока“, додаде тој.
Еркмен нагласи дека започнувањето на процесот за формирање на еден нов устав со формирање уставна комисија во Сирија, можните воени операции на Турција против терористичките организации, како и новиот политички систем, ќе ја зајакнуваат улогата на Турција во зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија.
Според Еркмен, некои земји како Русија и Иран се свесни за напорите што Турција ги вложува во насока на територијалниот интегритет на Сирија.
„Но, не е лесно да кажеме дека истиот пристап е забележан во некои земји од Западот. Важно е што мислат и што применуваат во практика земјите од регионот, како и земјите кои се влијателни во Сирија. Во овој контекст уште повеќе на преден план излегува важноста на трилатералното усогласување“, рече Еркмен.
Заменик-координаторот на Центарот за политички, економски и општествени истражувања (SETA), Кемал Инат, за АА изјави дека Турција се залага за зачувување на територијалната целовитост на Сирија и Ирак, а дека терористите на ПКК се наметнуваат како најголема закана на таквата идеја.
„За жал, САД и некои други наши сојузници ги поддржаа елементите кои ги злоупотребија празнините на авторитетот во Сирија и окупираа некои региони. Турција затоа тврди дека мора да се заштити целовитоста на Сирија“, изјави Инат, и додаде дека целта на сите турски операции во Сирија е неутрализација на тероризмот и сепаратизмот.
Укажувајќи на присуството на терористите на ДЕАШ и ЈПГ/ПКК во Сирија, Инат, исто така изјави дека тоа се најголеми закани за Сирија, но и за регионот.
„За присуството на Турција во Сирија и Ирак нема да има причина кога властите во Дамаск и Багдад ќе имаат капацитети да воспостават безбедност, да ја отстранат терористичката закана за Турција и да ја спречат секоја нова појава на тие терористички идеи“, изјави Инат.
Тој, исто така потсети дека режимот на сирискиот претседател Асад во 1990-тите години ги поддржувал терористите на ПКК.
„Доколку Асад остане на власт во Сирија, а мислам дека не би требало, ќе ја продолжи политиката кон ПКК, која ќе ја вознемирува Турција“, изјави Инат.
Турција за време на меѓународните билатерални средби, чија тема се случувањата во Сирија, ја нагласува важноста на борбата против терористичките организации, особено против ПЈД/ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, повеќепати ја повтори одлучноста на Анкара во заштитата на територијалната целовитост на Сирија, воспоставувањето безбедност во одредени делови на земјата и постигнување благосостојба.
Во говорот одржан на почетокот од оваа недела, Ердоган изјави дека во Сирија не се во прашање Курдите, Арапите, ниту Туркмените.
„Во Сирија се во прашање слободата и територијалната целовитост на Сирија“, изјави Ердоган.
На случувањата во Сирија, за време на вчерашната прес-конференција одржана по состанокот на делегациите на Турција и Русија во Москва, се осврна и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
„Ние, како земја гарант од Астана, ја штитиме територијалната целовитост на Сирија и политичкото единство, а се противиме на сите напори кои ќе наштетат на сево ова“, изјави Чавушоглу.
news_share_descriptionsubscription_contact
