Ekipa
30 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за случувањата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори блиски до турскиот претседател истакнаа дека Ердоган и Меркел телефонски разговарале во врска со билатералните односи, нерегуларната миграција во Европа и за борбата против тероризмот.
Тие се согласиле за продолжување на блиската соработка кога станува збор за следењето на процесот на повлекување на Соединетите Американски Држави (САД) од Сирија и за резултатите од Самитот во Истанбул.