Ayhan Şimşek
17 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
МИНХЕН (АА) - Турција го поддржува територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија за време на нејзината борба против тероризмот, истакна денес турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на Минхенската конференција за безбедност, Хулуси Акар нагласи дека приоритет на Турција е безбедноста и сигурноста на нејзините граници и народот.
„Во текот на борбата против тероризмот, Турција секогаш го почитува територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија“, рече тој, истакнувајќи дека воените операции се насочени само кон терористичките активности на организацијата ПКК/ЈПГ.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, над 30 години води терористичка кампања против Турција, и е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе. ЈПГ е нејзиниот сириски огранок.
Турскиот министер за одбрана нагласи и дека Договорот од Адана помеѓу Турција и Сирија од 1998 година, вклучува одредби за борбата против тероризмот.
„Веќе имаме меморандум за разбирање со Сирија за борба против терористите. Поради сегашната ситуација во Сирија, Дамаск не може да се бори против терористите. Затоа, ова е причината зошто сме ние таму, зошто се бориме“, рече тој.