свет

„СБОН е нем набљудувач на злосторствата во Сирија, како што беше и во Босна“

„Овде морам да ја кажам горката вистина дека денес во светот не постои институција, суд или механизам што ќе ги заштити невините жртви и ќе ги процесуира злосторниците, без оглед на нивниот идентитет...“

Dildar Baykan  | 24.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
„СБОН е нем набљудувач на злосторствата во Сирија, како што беше и во Босна“

New York

ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека институциите задолжени за гарантирање на меѓународната безбедност и мирот, како што е Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), се закопани во својата тишина и пасивност за Сирија, токму како што беше случај и претходно со Босна и Херцеговина, Косово, Руанда, Јемен, Палестина и Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган синоќа допатува во официјална посета на Њујорк за да присуствува на 73. заседание на Генералното собрание на ОН, а им се обрати на присутните на свечената вечера која ја организираше фондацијата ТУРКЕН.

„Овде морам да ја кажам горката вистина дека денес во светот не постои институција, суд или механизам што ќе ги заштити невините жртви и ќе ги процесуира злосторниците, без оглед на нивниот идентитет. Институциите како Советот за безбедност, кои се задолжени за гарантирање на меѓународната безбедност, беа закопани во својата тишина и беа пасивни набљудувачи на случувањата во Босна, Косово, Руанда, Јемен, Палестина и Аракан. Денес тоа е случај со Сирија“, рече Ердоган.

Ердоган, исто така, нагласи дека меѓународните организации немо го гледале масакрирањето на луѓето во Сребреница, а две децении подоцна и на луѓето во Алепо.

Тој рече дека Турција презела најголема одговорност кога станува збор за помош на загрозениот сириски народ и за сопирањето на новите масовни злосторства над цивилите во Идлиб и во другите делови на Сирија.

Истакнувајќи дека опозицијата мора да биде една од страните во мировните преговори за иднината на Сирија, Ердоган рече дека тоа е ставот на Турција од почетокот на војната и дека Турција секогаш e на страна на заштитата на цивилите и воспоставување безбедни зони.

„Посебно е важен турско-рускиот договор за демилитаризираната зона во Идлиб. Опозициските сили ќе останат на своето поле, и тука нема да има место за радикалните групи“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın