Zeynep Hilal Karyağdı
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ГАЗА (АА ) – МУХАМЕД МАЏИД -
Младиот Палестинец Аид Ебу Амр (22), којшто со години протестира за укинувањето на израелската блокада која трае со години, истакна дека и покрај страдањата, одлучен е да се бори. Тој беше ранет од огнот отворен од страна на израелските војници, а преку фотографијата направена од фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) влезе во фокусот на вниманието на светските медиуми.
Ебу Амр беше ранет пред два дена на протестите што се одржуваат на границата против морската, копнената и воздушната блокада што од 2006 година Израел ја спроведува кон Газа.
За време на протестите, Ебу Амр беше ранет во ногата од огнено оружје на израелските војници, па заради лекувањето се врати во својот дом во населбата Зејтуне во источниот дел на Газа.
Ебу Амр, и покрај болките од раните, лежејќи во кревет во својата соба одговараше на прашањата на дописникот на АА. Тој истакна дека откако ќе закрепне, ќе продолжи да учествува на мирните протести против блокадата на Израел.
„Моите рани не ми ја скршија волјата за отпор. Израелските војници не можат да ја уништат мојата волја и одлучност. Ќе продолжам со мирниот отпор“, истакна Ебу Амр.
Тој, исто така истакна дека израелските војници пукале по неколкупати, и тоа намерно, и по неколкуте обиди успеале во намерата. Амр нагласи дека израелските војници пукале кон него поради фотографијата со која стана симбол на отпорот.
Амр потсети дека неговата фотографија се споредува со делото „Слободата го води народот“ од времето на Француската револуција, и дека затоа ѝ е позната на светската јавност. Тој рече дека Израел е вознемирен од ширењето на оваа фотографија.

Ебу Амр, од почетокот на протестите учествува со палестинско знаме во едната рака и чатал во другата. „На границата сме потполно мирни. Даваме отпор со знамиња во рака. Окупаторите пак, прават многу прекршоци“, изјави Амр.
Ебу Амр наведе дека израелските војници не знаат што е човечност и дека не разбираат што значат мирни протести.
- Фотографија-симбол -
Фотографијата пред околу три недели ја направи Мустафа Хасона, фоторепортер на АА, за време на протестите во Појасот Газа. Францускиот сликар Ежен Делакроа фотографијата на која се наоѓа Ебу Амр ја спореди со делото „Слободата го води народот“ од времето на Француската револуција, а освен на социјалните мрежи, таа предизвика голем интерес и во бројните светски медиуми.
По објавувањето на фотографијата на која младиот Палестинец Ебу Амр во текот на протестите во едната рака држи палестинско знаме, во другата чатал, а во преден план се издига црниот чад од областа, беше изјавено дека таа ќе биде еден од симболите на палестинскиот отпор.
Во светски познатото ликовно дело „Слободата го води народот“, Французинката која ја симболизира слободата, во едната рака има има францско знаме, а во другата пушка со извлечен бајонет.
- Маршот на големото враќање -
Палестинците од 30 март на границата меѓу Израел и Појасот Газа, кој е под блокада, одржуваат мировни демонстрации под името „Маршот на големото враќање“.
Израелските војници отвораат оган со вистински куршуми врз цивилите кои сакаат да се вратат на своите територии од каде што биле протерани и бараат да се отстрани нелегалната блокада на Газа, која се применува од 2006 година.
Над 200 Палестинци го загубија животот во интервенција на израелските војници врз мировните демонстрации што се во тек од 30 март.