Seyit Ahmet Aytaç
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда денес истакна дека сите судски случаи поврзани со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, се очекува да бидат решени до крајот на 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдуламит Ѓул, кој беше гостин на уредничкиот деск на АА, изјави дека околу 70 отсто од судските случаи за обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО во јули 2016 година се завршeни.
„Од 287 судски предмети, 171 се решени, на 2.140 обвинети им се изречени затворски казни, а 1.478 се ослободени. Претпоставувам, преостанатите случаи ќе бидат завршени до крајот на 2018 година“, рече Ѓул.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на властите преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.