Yıldız Nevin Gündoğmuş
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара упати апел до целиот свет да се стои подалеку од секој чекор кој би го сменил правниот статус на Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакам да упатам апел до целиот свет; треба да се стои подалеку од секој чекор кој ќе го смени правниот статус на Ерусалим, кој е неколкупати потврден и со одлуките на Обединетите нации (ОН). Никој нема право да си игра со судбината на милиони луѓе поради лични амбиции. Ваквиот чекор само ќе ја олесни работата на терористичките организации“.