Barış Gündoğan
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
AНКАРА (АА) - Генералштабот на турската армија соопшти дека воздухопловните сили не користат забранети проектили и дека целта на нападите не се историските градби, а воедно предупреди на кампањата за клевета со која некои кругови во медиумите сакаат да се создаде лажна слика за операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веќе извесен период гледаме клевети и лаги со кои се сака да се загрози операцијата во Африн. Јасно е дека тие лаги и заговори ги прават и ги водат терористите и нивните сојузници. Целта на овие активности е да ја загрозат операцијата што се спроведува транспарентно и во согласност со сите норми. Таквите дезинформации не треба да се земат предвид“, се вели во соопштението на турскиот Генералштаб.
Истакнувајќи дека терористите и нивните упоришта се стрикни и единствени цели на операциите во Aфрин, од Генералштабот објавија дека турските сили водат голема грижа за заштитата на цивилите во регионот.
„Религиозните и историските објекти, историските дела и археолошките ископини и остатоци во никој случај не се цел на нашите сили. Сите мети кои турските сили ги напаѓаат се наоѓаат на мапата. Турските сили посветуваат големо внимание на заштитата на цивилите, но и на заштитата на животната средина и културното и историското наследство“, се вели во соопштението.
Од Генералштабот на турската армија, исто така беше соопштено дека турската авијација не користи напалм, ниту каква било муниција со хемиски, биолошки или други забранети супстанции, ниту пак такво оружје се наоѓа во инвентарот на турската армија.
Операцијата во Aфрин започна на 20 јануари во согласност со правата на Турција врз основа на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција, исто така се повикува на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Право на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.