Nurhan Çorlu
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Премиерот Бинали Јилдирим, синоќа беше да ја посети полициската станица во Ченгелкој, каде што им се обрати на граѓаните. Снимките од обраќањето беа споделени со медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим им изрази сочувство на граѓаните и истакна дека обидот за државен удар на припадниците на ФЕТО т.е. на предавниците, што сакаат да ја завијат државата во темнина, е спречен со херојскиот отпор на народот поради љубовта кон татковината и кон нацијата. Така Турција зеде еден длабок здив.
Јилдирим, посака покој на душите на загинатите и брзо опоравување на повредените херои, и продолжи:
„Во историјата на Турција имаше повеќе удари и обиди. Па на секој пат успеаја. 15-ти јули е пресврт во блиската историја на Република Турција. Оној кој ја сака Турција, кој верува во својата држава, во нашиот Генерален командант, Реџеп Таип Ердоган, во неговата цврста волја и во Владата и премиерот, кои вие ги избравте, рекоа ‘без да ги поминете нашите мртви тела, не можете да го заземате ова знаме’. Рамо до рамо со народот ја одржавме потребната лекција на овие подли. Нашите загинати херои ги запишаа своите имиња во историјата на светската демократија. Ова е речиси центарот од каде што се појави ударот. Предавниците што тргнаа од Кулели, во Ченгелкој го најдоа народот пред нив и го добија потребниот одговор. Еве, Ченгелкој е овде“.
Јилдирим ги праша групата луѓе „Има ли премин преку Ченгелкој, можен ли е премин?“, од граѓаните доби одговор: „Нема и ќе нема!“.
- „Силата на вистината и на народот ја победи силата на тенковите“ -
Премиерот Јилдирим нагласи дека силата на вистината и на народот ја победи силата на тенковите, и рече: „Таа ноќ народот стана едно тело. Таа ноќ немаше партиски разлики, немаше различни погледи. Таа ноќ имаше еден глас, гласот на независна Турција, знаме со месечина и ѕвезда. За татковината и за народот, сите бевме еден глас и едно тело. Им одржавме лекција на овие подлеци.
Јилдирим зборуваше и во врска со „Митингот за демократија и загинатите херои“, што ќе се одржи денеска. Кога тој ги праша граѓаните ‘Дали сте подготвени да направите гласот на Турција да го слушне целиот свет, дали сте подготвени да направите гласот на демократијата да го слушне целиот универзум?’, граѓаните одговорија: ‘Спремни сме!’.