Ekipa
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - ОМЕР КОПАРАН
Цивилите во центарот на градот Африн, кој е ослободен од терористите во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ што започна на 20 јануари од Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ), раскажаа за вистинското лице на терористичката организација ЈПГ/ПКК и она што го доживеале за време на окупацијата од оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Ебу Мухамед, еден од цивилите што не го напушти центарот на градот, истакна дека нивната сегашна ситуација во градот е добра. „Моментално Африн има потреба од сè. Најпрвин има потреба од доверба, а потоа има потреба од храна, лекови за болните и од болница. (ЈПГ/ПКК) Не оставија ниту една болница во подрачјето, ги запалија и заминаа“, додаде тој.
Мухамед нагласи дека со започнување на операцијата, цивилите се собрале во центарот на градот, и дека повеќето од цивилите биле гладни на улиците. „Што да ви кажам, додека складиштата на ПКК беа полни со храна, луѓето (покажувајќи на улицата) беа гладни. Ние им помогнавме, примајќи ги во подрумите. Бог нека им помогне“, рече тој, истакнувајќи дека терористите пред да го напуштат центарот на градот најпрвин ги запалиле скалдиштата.
„Ништо не нѝ оставија. Не ли ѝм е жал? Кога (ЈПГ/ПКК) го напуштија местово, ги запалија складиштата за храна. Храната во овие складишта беше наменета само за нив, не ја даваа на цивилите. Ако сте дел од организацијата, даваа. Ако не, не даваа храна“, истакна тој.
- „Мојот син кој ги напушти редовите на режимот, присилно го зедоа во војска“ -
Али Кермо, жител од центарот на градот Африн, рече дека е раздвоен од неговите деца поради терористичката организација.
„Моите две деца пред 4-5 години ги напуштија редовите на режимот. Мојот син потоа го зедоа во војска. Но, тој по два месеци избега и се засолни во Турција“, нагласи Кермо.
Стариот татко веќе две години ги нема видено своите деца поради терористичката организација. „Јас сум инвалид и тука сум сам. Веќе 4-5 години живеам тука. Не ли им е жал? Тука сум сам“, додаде тој.
Кермo нагласи дека пред да се ослободи центарот на градот Африн, терористите им го спречиле излезот на цивилите и истовремено биле затворени патиштата за излез од градот.
- „Не го напуштивме центарот на градот бидејќи знаевме кој ќе дојде тука“ -
Рашид Ало, друг жител на Африн кој живее во центарот на градот, рече дека сите лица што останале во ова подрачје се цивили. „Ние останавме тука, не гo напуштивме (местово). Останавме во центарот на градот бидејќи знаевме кој ќе дојде. И тие (ТСК и ССВ) се луѓе, и ние. Не избегавме бидејќи ништо не направивме“, истана Ало.
Од друга страна, Али Шејхо, кој се вратил во центарот на Африн заедно со неговото семејство, рече: „Бевме понижени во местото каде што отидовме, ќе беше многу подобро воопшто да не излеговме од центарот“.
- Животот во градот се враќа во нормала -
Започнаа миграциите кон центарот на градот како резултат на осигурената безбедност во подрачјето, откако ТСК и ССВ ја презедоа контролата.
На воздушните снимки се забележува дека цивилите со нивните возила мирно се движат по улиците во центарот на градот, додека еснафот повторно ги отвора своите дуќани.